(Време на читање: 1 - 2 минути)


„Го пропуштив свиокот три пати на истото место. Се надевам дека ќе го поправиме за утре“- Дани Педроса

pedrosa original

„Го пропуштив свиокот три пати на истото место. Се надевам дека ќе го поправиме за утре“- Дани Педроса

Возачот на Repsol Honda, Дани Педроса, имаше осмо најбрзо време на патеката Лосали во Катар. Шпанецот призна: „Денес не беше нашиот ден.“

Педроса, кој постојано беше меѓу најдобрите на претсезонските тестови, со својот фабрички RC213V постигна време од 1м 57.749с и заостана 1.064с зад актуелниот светски шампион Хорхе Лоренцо.

Вицешампионот од минатата сезона, кој три пати излета од патеката, откри дека имал проблеми при влегувањето во свиок.

„Имав проблем при влегувањето во еден свиок,“изјави Педроса. „Незнам зашто. Го пропуштив свиокот три пати на истото место. Се надевам дека ќе го поправиме тоа за утре. Денес не беше нашиот најдобар ден.“

Тимскиот колега на Педроса, Марк Маркез беше четврти со време од 1м 57.276с.  

Актуелниот Moto2 светски шампион се искачи на третото место но сепак на крајот заврши позади триото на Yamaha, Лоренцо, Кал Кратчлоу и Валентино Роси.

Маркез, кој беше 0,591с зад Лоренцо, призна дека се чувствува малку нервозен пред неговата прва трка во недела.

„Вистината е дека бев малку нервозен, пред се на стартот, но тоа е нормално,“изјави тој. „Преминав преку тоа и се фокусирав на тренингот, исто како што правевме во Moto2 минатата сезона-напорна работа и фокусирање на трката.“

„Имав стабилен напредок и се чувствував добро што е важно на стартот, но не смееме да заборавиме дека ова е само почеток.“ додаде Маркез.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: