Британецот воедно беше првиот шампион кој ги обедини титулите во трите класи!

Ако кажеме дека по Phil Read само уште тројца шампиони успеале да победат во сите три класи тогаш доаѓаме до пореална слика за тоа каква величина изгуби мото светот. А, ако пак знаеме дека останатите шампиони се Mike Hailwood, Valentino Rossi и Marc Marquez…

Еве како изгледа тоа во контекст на современите шампиони кои ги следевме во изминативе 20-30 години. Ова постигнување не им успеало ниту на Spencer, Sheene, Roberts, Shwantz, Rainey, Doohan, Biaggi, па ниту ни на 15-кратниот шампион Giacomo Agostini!

Како изгледаа некогаш возачите. Mike Hailwood, Bill Ivy и Phil Read

Инаку ќе остане и запишано засекогаш дека и ја донесе првата светка титула на Yamaha во 1964 година, со која освои уште 4 титули, а останатите 2 титули ги освои со легендарната италијанска марка MV Agusta.

Во својата богата кариера има освоено вкупно 52 FIM Grand Prix победи и 8 победи на “најлудата” трка Isle of Man TT!

Можеби она што фасцинира и комплетно непојмливо во денешно време е освојувањето на 2 титули во иста година и тоа во класите 125 и 250cc во 1968 година! 

Во 2002-та година му беше доделена и заслужената титула MotoGP Легенда.

Принцот на брзината, како што го нарекуваа своевремено британскиот возач, почина на 83 годишна возраст тивко во сонот во неговиот дом во Англија и остави зад себе 4 сина и една ќерка.

Back To Top