Третата трка од годинешниот МотоГП шампионат викендов се вози во САД.
Гран при натпреварувањата во Америка имаат долга традиција која ги вклучува легендарните патеки како дејтона, Лагуна сека и Индијанаполис. Во 2013 година беше изградена патеката „Circuit of The Americas“ која со својот изглед, услови и капацитет од 120.000 гледачи стана хит и веднаш влезе во календарот на МотоГП шампионатот.
Со должина од 5,5 километри, патеката е составена од 20 свиоци од кои 11 се леви, а 9 десни. Најдолгиот правец изнесува 1200 метри, а најголемата брзина измерена на патеката изнесува 345,6 км/ч. Рекордот на патеката е во сопственост на Марк Маркез, кој во 2014 година сврте круг за време од 2'03.575.
Возбудувањата започнуваат денеска според следниот распоред:
Петок (01.10.2021) | SportKlub 3 |
16:00 MOTO GP USA: MOTO 3 – ТРЕНИНГ 1 |
16:50 MOTO GP USA: MOTO GP – ТРЕНИНГ 1 |
17:50 MOTO GP USA: MOTO 2 – ТРЕНИНГ 1 |
20:10 MOTO GP USA: MOTO 3 – ТРЕНИНГ 2 |
21:05 MOTO GP USA: MOTO GP – ТРЕНИНГ 2 |
22:05 MOTO GP USA: MOTO 2 – ТРЕНИНГ 2 |
Сабота (02.10.2021) | SportKlub 3 |
16:00 MOTO GP USA: MOTO 3 – ТРЕНИНГ 3 |
16:50 MOTO GP USA: MOTO GP – ТРЕНИНГ 3 |
17:50 MOTO GP USA: MOTO 2 – ТРЕНИНГ 3 |
19:30 MOTO GP USA: MOTO 3 – КВАЛИФИКАЦИИ |
20:25 MOTO GP USA: MOTO GP – ТРЕНИНГ 4 |
21:05 MOTO GP USA: MOTO GP – КВАЛИФИКАЦИИ |
22:05 MOTO GP USA: MOTO 2 – КВАЛИФИКАЦИИ |
Недела (02.10.2021) | SportKlub 2 |
17:55 MOTO GP USA: MOTO 3 – ТРКА |
19:20 MOTO GP USA: MOTO 2 – ТРКА |
21:00 MOTO GP USA: MOTO GP – ТРКА |