Легендарниот Валентино Роси, преку својот VR46 тим, повторно ја „раздвижи“ MotoGP секција за пазарот на возачи за 2027 година со коментарите што ги даде неодамна.

Тој откри дека веќе има идеја кои возачи сака да ги има во тимот по 2026 година, но не ги именуваше – што се толкува како тактички потег за да ги „притисне“ Ducati и другите тимови да почнат да размислуваат побрзо за своите планови за следната сезона. Вале го направи ова поради новите технички правила што доаѓаат во 2027, што сигурно ќе го променат нивото на важноста на моторот во однос на возачките способности.

rossi asks the hard questions

За неговиот тим во прашање се имиња како Педро Акоста, потенцијалните помлади ѕвезди како Фермин Алдегер или Давид Алонсо, и тоа како тие би се вклопиле на евентуалните позиции во Ducati или други тимови. Ако Ducati не им даде приоритет на правите возачи за тимот на Роси, тоа би можело да отвори врата за други производители – вклучувајќи ја Aprilia – која очекува да ги искористи можностите за засилување на својот состав.

Пеко Бањаја и шпекулациите за преселба во Априлија

Меѓу тие големи прашања за 2027, деновиве стануваат сè погласни шпекулациите дека Франческо Бањаја би можел да си ја смени средината и да се пресели во тимот на Априлија заедно со Марко Безеки кој веќе го потврди својот договор со тимот. Ова би можело да биде официјално потврдено уште пред почетокот на првиот тркачки викенд. Ова доаѓа како дел од „домино ефектот“ по тоа што Дукати најави други промени во возачкиот состав за наредните сезони и отвори простор за нови договори во различни тимови.

Многу работи ќе станат по јасни деновиве, следете нѐ.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: