Презентацијата во Будимпешта ги постави темелите на новата трка која треба да се приклучи на календарот.

Dorna Sports објави нов проект. Почнувајќи од сезоната 2023, MotoGP се сели во Унгарија. За време на презентацијата која се оддржа во Будимпешта, првиот човек на Dorna, Кармело Езпелета, заедно с о преставници на Унгарската влада и легендарниот Унгарски возач, Габор Талмакси,  разговараа за проектот и потпишаа договор кој ќе ја донесе серијата во Унгарија во 2023-та година.

Претстојната Гран При трка треба да се оддржи на нова патека чијашто изградба се очекува да почне во втората половина на 2021-ва година. Таа ќе биде лоцирана во близина на Дебрецин, вториот по големина град во Унгарија. Целта на проектот е да се привлечат фановите во Унгарија но и да се прошири MotoGP во Источна Европа.

Лазло Палковикс, министер за Иновации и Технологија на Унгарија: „Благодарни сме што Dorna одлучи да ја прифати нашата понуда. Ние ќе изградиме целосно нова патека која ќе одговара на MotoGP стандардите. Оваа инвестиција е навистина голема но крајниот резултат ќе покаже дека донесовме вистинска одлука. Ова е добра економска инвестиција.“

Hungary MotoGP txt 1 05 03

Габор Талмакси: „Ова е многу емотивен момент за мене и навистина сум горд што сум тука. Јас 10 години ја преставував мојата земја во MotoGP  и секогаш давам поддршка на вакви мотоспорт проекти.  Го сакам овој спорт и секогаш ги следам трките. Ова е голем момент за сите нас. Локацијата, во близина на Дебрецин, е многу важна за целата област а блиску е и до другите држави, Словачка, Украина, Романија. “

Кармело Езпелета, извршен директор на Dorna Sports: „Конечно се исполни оваа идеја и навистина сме среќни поради тоа бидејќи во Унгарија има многу фанови на овој спорт. Нашата цел е оваа патека да биде една од најдобрите за гледачите но и да доведе до економски развој. Исто така сакаме во иднина да видиме и повеќе Унгарски возачи во MotoGP. “

„Одамна сме во контакт со лицата кои го креираа овој проект . Ова што се случува тука е нешто навистина посебно. FIM ја следи хомологацијата и мислам дека оваа патека ќе биде една од најдобрите во светот.“

Back To Top