(Време на читање: 1 - 2 минути)


Викендов на патека во околината на аеродромот Стенковец љубителите на мото спортот ќе можат да уживаат во меѓународен ендуро натпревар во техничка организација на МК Мотори и МК Александар.

Во сабота и недела ќе се одржи трка од БМУ Европскиот ендуро шампионат, а во недела на програмата е и второто „Off Road Show Skopje“.

Во рамките на последниот натпревар од БМУ Европскиот ендуро шампионат ќе се бодуваат следните класи: E1, E2, E3, WOMEN, JUNIOR и VETERAN. Трката е поделена на 2 дена (сабота и недела) со предвидени 150 километри дневно возење.

offroad 2016 8

За учество на трките натпреварувачите мораат да поседуваа лиценца издадена од МФМа за 2017 година, котизацијата за Европскиот шампионат за македонските возачи ќе биде иста како и за „2' Off Road Show Skopje 2017“:

  • Бесплатно за сите припаднички на понежниот пол
  • 600 денари за учесниците на минатогодишниот „1' Off Road Show Skopje 2016“ кои ќе извршат уплата до 31.10
  • 800 денари за оние кои не учествувале на „1' Off Road Show Skopje 2016“ но ќе извршат уплата до 31.10
  • 1000 денари за сите кои ќе извршат уплата од 1.11 до 5.11.2017

*Во котизацијата е вклучен стартен пакет (осигурување, маица, освежување и сл.)

За галеријата од минатата година кликнете овде.

Возачите од Македонија можат да одберат на кој натпревар ќе настапат, не е возможно учество на двата.

2' Off Road Show Skopje 2017 е еднодневен натпревар и ќе се одржи на 05.11 (недела) на патека со должина од околу 60 километри, во класите: E1, E2, E3, WOMEN, VETERAN, ATV/QUAD и UTV/SSV.

За дополнителни информации: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: