Dorna Sports оваа година тркањето го донесе во дневните соби откако го претстави возбудливиот MotoGP eSport шампионат. Можете да се вклучите и вие, а во случај да постигнете најдобар резултат, тогаш ќе добиете BMW M240i. За жал, нема да добиете мотоцикл.
Фабричкиот тим на Red Bull KTM, само што објави дека нивниот професионален возач, Рајан Данџи, одлучил да се повлече од натпреварувањето. Објавата следува кратко откако тој ја освои својата трета последователна титула во AMA 540SX шампионатот, притоа возејќи со фабричката верзија на 450 SX-F.
MotoGP шампионот од 2006 година, Ники Хејдн, е пренесен во болница откако доживеа сериозна сообраќајна несреќа. Според „Riminitoday“ , популарниот 35 годишен Американец, кој во моментов се натпреварува во Светскиот Супербајк шампионат, бил удрен од автомобил додека возел со својот велосипед.