Производителот на гуми за МотоГП шампионатот, Бриџстоун, најави дека од првата трка во оваа сезона ќе воведе нови ознаки за гумите, со цел гледачите да знаат кој возач со каква компонента вози.
Јуџин Лаверти ја обезбеди првата победа во новата сезона за тимот на Сузуки, на првата трка од рундата која се возеше денеска на патеката Филип Ајленд во Австралија.
Првата суперпол позиција за 2014 година му припадна на тимот на Априлија и Силвијан Гинтоли. Големи изненадувања на стартот на шампионатот со втората позиција за Џулијано и третата за Меландри.