Патеката Филип Ајленд во Австралија е домаќин на официјалниот дводневен тест за Супербајк шампионатот. Денешниот прв ден помина во знакот на Сузуки во Супербајк класата, и Кавасаки во Суперспорт.
На вчерашната прес конференција одржана во седиштето на „Crescent Suzuki“ тимот во Англија, Алекс Ловс и Јуџин Лаверти го претставија новиот GSX-R со кој ќе се натпреваруваат во Супербајк шампионатот оваа сезона.
На првиот ден од пред-сезонско тестирање за МотоГП шампионатот кое се одржува на патеката Сепанг во Малезија актуелниот Светски шампион Марк Маркез забележа најдобар резултат.