Хорхе Лоренцо забележа најдобар резултат на првиот тренинг пред трката за големата награда на Аргентина која во недела се вози на патеката „Termas de Rio Hondo“.
Заради повредите на раката со кои се здоби на трката во САД, возачот на Дукати Кал Крачлоу нема да настапи на трката во Аргентина која се вози овој викенд.
Актуелниот шампион во Супербајк шампионатот, Том Сајкс, повторно го искачи Кавасаки на челната позиција по двојната победа на патеката Арагон во Шпанија.
Марк Маркез продолжува со доминацијата во Мото ГП класата со втора победа во втората трка од сезоната. Актуелниот светски првак беше најбрз и на „Circuit Of the Americas“, патеката во Остин, Тексас, на трката за Големата награда на САД.
Овој викенд на патеката во Хајраболу, Турција, се вози втората трка од Источно Европскиот шампионат во мотокрос на кој Македонија ќе има тројца претставници.