Распоред за следење на МотоГП Австралија 2026
По азиската турнеја, MotoGP шампионатот пристигнува на една од најлегендарните патеки во светот на...
Морав да ги разгледам претходните текстови кои ги имаме објавено за да видам кога прв пат пушувавме за „turbocharged“ верзијата на Suzuki. Колку за информација, поминаа четири години откако Suzuki за прв пат се појави со „Recursion“ концептот на мото шоуто во Токио.
Во суштина, ваквата информација не е големо изненадување бидејќи ако можеме да судиме според неодамнешното EICMA шоу во Милано, производителите на мотоцикли во моментов се навистина заинтересирани за оваа категорија во авантуристичкиот сегмент.
Во надополнувањето на правилникот се наведува дека тимовите и производителите може да додаваат аеродинамични компоненти се додека тие ги задоволуваат правилата. Со ваквата одлука, сега се отвора можноста производителите да ги нудат аеродинамичните крилца и на продукциските модели.
Корпорацијата Yamaha денеска објави дека ќе продаде 8 милиони акции од нејзиниот удел во Yamaha Motor Co. Се очекува договорот да биде завршен до крајот на утрешниот ден, а од компанијата велат дека ќе понудат неколку видови на хартии од вредност кои потоа би требало да се најдат на пазарот.
Ducati објави заедничко соопштение со „Parques Reunidos“ голема компанија која е дел од забавната индустрија, дека во рамки на нивниот забавен парк Мирабиландиа, на посебен дел кој ќе биде со големина од 32.000 m2 ќе биде изграден тематски парк наречен „Ducati World“.
Уште еден зимски тест период за MotoGP возачите, а тоа значи и дека Валентино Роси ќе ни претстави уште една специјална кацига. Оваа година „Докторот“ својата инспирација ја доби откако помина одреден период на одмор во Мексико. Поради таа причина AGV Pista GP R доби интересен дизајн.
Младиот Драган Ванов (МК Мото Велес) годинава забележа огромен успех откако го завери третото место во генералниот пласман во БМУ Европскиот шампионат во ендуро. Трките се бодуваа и за Романскиот ендуро шампионат па Ванов со истиот успех се закити со бронзата и на ова натпреварување.