(Време на читање: 1 минута)


Автомобилскиот гигант потврди дека не планира да го продаде брендот Ducati.

Автомобилскиот гигант потврди дека не планираат да го продадат брендот Ducati. Ваквата реакција следува откако се појавија информации дека Ducati, кој е во сопственост на групацијата VW, би можел да биде продаден, самостојно или пак во пакет заедно со Италијанската компанија Lamborghini.

Во соопштението кое го испратија од компанијата се наведува: „Постои согласност меѓу членовите на бордот дека Lamborghini и Ducati ќе останат дел од Volkswagen групацијата.“

Ducati txt 15 12

Пред неколку години се појавија информации дека VW планира да го продаде Ducati. Според информациите, гигантот се подготвувал да продаде дел од компаниите кои ги поседува со цел да собере пари за да го плати заемот од 15 милијарди евра. Извори блиски до агенцијата Reuters открија дека сепак од компанијата сметаат дека продажбата на Ducati нема да им обезбеди многу средства. Италијанската компанија беше купена во 2012 година за 708 милиони фунти и досега во неа беа инвестирани значителни финансиски средства.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: