(Време на читање: 1 минута)


Наскоро ќе имаме можност за прв пат да го тестираме новиот Tursimo Veloce Lusso SCS чија што презентација е закажана во Италија.

Базиран на 798cc, три цилиндрична, спортско-авантуристичка машина, овој модел содржи врвни делови, електронски помагала и полуактивна суспензија. Тој исто така има и квачило, но тоа нема да го користите, дури и кога запирате и повторно тргнувате.

mv agusta tv scs

„Smart Clutch“ системот автоматски се вклучува и исклучува во зависност од бројот на вртежи. Но доколку сакате, со едно притискање на копче, вие повторно ќе можете да го користите кумплугот.

Покрај овој додаток, кој за прв пат се употребува кај продукциски машини, мотоциклот кој има 110 коњски сили има и голем број на други додатоци кои се во согласност со Euro 4 стандардот. Меѓу нив се: нов менувач, брзини и „balance shaft“.

Бидете со нас и наскоро ќе дознаете повеќе за мотоциклот.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: