(Време на читање: 2 - 3 минути)


Возачот на Кавасаки тимот влезе во историјата на Супербајк натпреварувањето како освојувач на шампионската титула за сезоната 2013.

201505 wsbk sykes t jerez

Светскиот Супербајк шампионат дојде до крајот за сезоната 2013. Она што не му успеа минатата година за само половина бод, оваа сезона тој успеа да го добие со предност од 23 бода. Возачот на Кавасаки тимот влезе во историјата на Супербајк натпреварувањето како освојувач на шампионската титула за сезоната 2013.


Шампионската титула на Сајкс ќе биде запомнета и по деветте пол позиции како и 17 подиуми кои му го донесоа пехарот на британецот.

Не можам да ви опишам како се чувствувам, најчесто сум сталожен но по трката на Мањи Кур почнав да сонувам. Сонот беше навистина живописен, и во него станав светски шампион. Сега кога тоа се оствари, сваќам дека сонот не бил ни 2% од она што го чувствувам сега. Добро е што титулата се одлучи во последната трка, поголемиот дел од мојот тим е шпански, па ова ни доаѓа како домашна патека. Време е за славење, иако пехарот сеуште не е натопен целосно, сигурен сум дека ќе го сториме тоа наскоро.изјави Сајкс по трката

Последната рунда во шампионатот ја одбележа и двојната победа на Лаверти, втора двојна победа во сезоната или вкупно деветта за него. Лаверти има ист број на победи како и Сајкс, но разликата од 23 бодови е во пласманот на останатите позиции. На втората трка и третата позиција му припадна на возачот на Априлија, Силвијан Гинтоли, кој во генералниот пласман на крајот заврши како третопласиран.

Возач 
    Производител
          Бодови
 
GBR
KAWASAKI
447
IRL
APRILIA
424
FRA
APRILIA
402
ITA
BMW
359
GBR
BMW
290
ITA
APRILIA
211
ITA
HONDA
188
FRA
KAWASAKI
180
GBR
HONDA
176
FRA
SUZUKI
175
GBR
SUZUKI
132
ITA
DUCATI
130
GBR
HONDA
91
GER
DUCATI
91
ESP
DUCATI
80
ESP
APRILIA
70
ITA
KAWASAKI
55
AUS
KAWASAKI
46
ITA
DUCATI
23
ESP
KAWASAKI
22
ITA
BMW
18
FRA
SUZUKI
13
ITA
DUCATI
12
ITA
DUCATI
11
ITA
DUCATI
10
SWE
KAWASAKI
10
USA
SUZUKI
8
ESP
DUCATI
7
TUR
KAWASAKI
5
AUS
YAMAHA
4
CZE
YAMAHA
4
AUS
HONDA
4
USA
SUZUKI
2
JPN
HONDA
2
 
Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: