Има дебата за тоа кога бил направен првиот мотоцикл. Некои велат дека SH Roper од 1869 година е првиот мотоцикл додека пак други сметаа дека тоа е бензинскиот мотоцикл на Gottlieb Daimler од 1885 година.

wildoneposter

Има дебата за тоа кога бил направен првиот мотоцикл. Некои велат дека SH Roper од 1869 година е првиот мотоцикл додека пак други сметаа дека тоа е бензинскиот мотоцикл на Gottlieb Daimler од 1885 година.

Мене ме интересираат вакви информации па се обидов да проверам на интернет што е точно. Но наместо тоа се најдов изгубен во голем број на чудни факти и приказни за мотоциклите.

Еве неколку од работите што ги открив. Можеби веќе ги знаете, но јас бев навистина изненаден.

1. Името Hayabusa, кое го користи Сузуки, е всушност вид на сокол. Тоа исто така е и името на Јапонскиот борбен авион од втората светска војна- Nakajima Ki-43 (Zero).

2. Дали знаевте дека гумите на модерните спортски мотоцикли не содржат вистинска гума? Шарата на гумата е составена од синтетичка гума која е додадена за да има компромис помеѓу издржливоста и тракцијата.

3. Најдолгото растојание поминато со мотоцикл за 24 часа е 3250 километри и е поставено од Американецот Л. Расел ‘Расти’ Вон на 10ти Август 2011 година. Вон го користел неговиот 2010 Harley-Davidson FLHTK Electra-Glide Limited за обидот и направил 238 круга на приватна тест патеката.

4. Скокот на Стив Меквин во филмот ‘The Great Escape’ всушност е направен од извесен американски дилер на Triumph мотоцикли, Бад Еткинс, кој го направил скокот од прва, без подготовки.

5. Во телевизиската серија „ChiPS“ од 1970 година, актерите Лери Вилкокс и Ерик Естрада возеле Kawasaki Z1000s со оклопи од BMW. Пред  да почне да се снима серијата Естрада поминал интензивен осум неделен курс за да научи како да вози. Во 2007 година беше откриено дека Естрада немал дозвола за мотор додека се снимала серијата и дека успеал да добие дозвола дури после третиот обид  додека се подготвувал за учество во едно реално шоу.

6. Се обидов да дознаам што се случи со мотоциклите кои се користеа во култниот филм „Easy Rider“. На интернет има информации дека и двата мотоцикли се уништени или дека актерот Ден Хагерти има еден од тие мотоцикли. Се чини дека има повеќе Easy Rider мотоцикли на продажба отколку што се користеа во филмот.

7. Никој незнае ни што се случи соTriumph 650 Thunderbird, мотоциклот што го користеше Марлон Брандо во филмот „The Wild One“. Некои тврдат дека тоа бил мотоцикл на Брандо. Johnson Motors, кој ги увезуваа Triumph мотоциклите во САД, во тоа време биле многу незадоволни што се гледало логото на мотоциклот на Брандо и барале тоа да се отстрани.

8. Првата компанија која ја рекламирала најголемата брзина на мотоциклот била американската Brough Superior. Тоа го направиле за моделот SS100 во 1924 година. Секој модел бил тестиран на пат за да се види дали може да достигне брзина од 160 км/ч. Доколку не успеел, тој се враќал во фабриката.

9. Некои од денешните мото компании се многу поразлични од она што започнале да го работат првично. Така на пример Дукати била семејна фирма од Болоња, Италија, која во 1935 година произведувала делови за радија. Потоа почнала да произведува моторизирани велосипеди кои биле опремени со 48cc SIATA мотор. До 1950, повеќе од 200,000 примероци од овој модел биле продадени, а две години подоцна компанијата започнала да произведува сопствени мотоцикли и мотори.

10. Покрај тоа што денес произведуваат мотоцикли, Кавасаки произведуваат и бродови, електроника, возови, хеликоптери, авионски мотори, проектили и ракети.

11. Нивниот ривал Јамаха започнале со работа во 1887 година произведувајќи пијана, а денеска се мултинационален конгломерат кој сеуште произведува музичка опрема но исто така и бродови, мотори за автомобили, базени, инвалидски колички, а меѓу другото и мотоцикли.

12. Сузуки започнале со работа на почетокот на 20-от век во текстилната индустрија. Сепак, основачот на компанијата Мичио Сузуки сакал да ја прошири неговата компанија и отворил инжинерска фирма која произведувала мали автомобили во текот на триесетите години од минатиот век. Првиот мотоцикл на Сузуки се појавил во 1952 година и се викал Power Free и имал мотор од 36cc. Денес, покрај производството на мотоцикли, Сузуки произведува и автомобили и е втор најголем производител во Јапонија на мали автомобили и камиони.

13. Во 1946 година Хонда започнала да продава велосипеди кои биле опремени со мотор од 50cc. 46 години подоцна тие го произведоа најкомплексниот мотоцикл Honda NR750. Првично дизајниран како тркачки мотоцикл, Хонда произведоа и улична верзија и во тоа време беше сметан за најскап мотоцикл што можете да го купите.

Постојат толку многу технички информации за мотоциклите и поради тоа тешко е да избере кои се најинтересни. Но некои навистина се издвојуваат.

14. Менувачот кај мотоциклите е измислен од Харолд Вилис во 1927 година.

15. BMW е првиот производител кој ги патентирал и употребил телескопските вилушки на моделот R12 од 1932 година. Иронично, не го користи тој систем на нивните големи мотоцикли до денешен ден.

16. Иако BMW тврди дека ги произведува Boxer twin моторите од 1923 година, производството престанало неколку месеци во 1986 кога компанијата сметала дека сите нивни мотоцикли во иднина треба да имаат три или четири цилиндрични мотори. Притисокот од клиентите ги убедило во BMW да продолжат со Boxer и производството повторно започнало.

17. Позната низ светот како лидер во производството на кациги, компанијата ARAI била основана во Јапонија во 1926 година и произведувала заштитни кациги за работниците. Компанијата е сеуште во приватна сопственост.

Кога започнав со истражувањето за да дознаам кога точно бил произведен првиот мотоцикл (веројатно е Hilberand & Wolfmuller, произведен во Германија од 1894 до 1897 со зафатнина од 1488cc и моќност од 2.5кс) не верував дека ќе пронајдам толку интересни факти и бројки за мотоциклите. Доколку знаете и вие некој интересен податок за мотоциклите, споделете го во коментарите подолу.

Back To Top