Француската полиција на крајот успеала да излезе како победник против бунтовникот кој возел Yamaha 1700 V-Max со брзина од 170км/ч во зона во која се дозволени 50км/ч

a2c3132a26cd0eb57ee084dcac0f1554

Француската полиција на крајот успеала да излезе како победник против бунтовникот кој возел Yamaha 1700 V-Max со брзина од 170км/ч во зона во која се дозволени 50км/ч

Кога мотоциклист ќе реши да минува со недозволена брзина на место кое е под надзор на полициска камера, може да се протолкува како вообичаен престап или недоволна информираност.

Но, кога ќе го направи тоа 52 пати за помалку од една година, веќе си „игра со ѓаволот“ и станува вистинска провокација за припадниците на полицијата.

Вакво нешто се случило на Корзика, а француската полиција на крајот успеала да излезе како победник против бунтовникот кој возел Yamaha 1700 V-Max со брзина од 170км/ч во зона во која се дозволени 50км/ч. Неговата предност била тоа што камерата снимала само од предната страна, но проблем тоа што на целиот остров имало само десет вакви мотоцикли.

По девет месеци постојано минување со поголема брзина од дозволеното на местото каде се наоѓал радарот, полицајците тропнале на неговата врата. Покрај големата сума на пари која ќе мора да ја одвои за казните, моторџијата ќе остане без својата возачка, но и Yamahata која му била одземена.

Back To Top