Автоматскиот систем на сопирање наскоро ќе се најде и кај мотоциклите откако патентот кој беше објавен од страна на Агенцијата за патенти и трговски марки на САД ни откри дека Honda работи на нешто вакво.

Неколку понови модели на Honda веќе се опремени со „Collision Mitigation“ системот на сопирање. Од компанијата се надеваат дека овој безбедносен систем ќе го имплементираат и кај мотоциклите.

honda motorcycle auto emergency braking in the pipe 115423 1

Но од каде знаете дека тоа е точно? Само погледнете ја операционата скица на овие неодамна објавени патенти. Се спомнува предна и задна независна операција на сопирање која е контролирана од автоматски систем. Исто така се закочуваат и тркалата.Сите овие работи се поврзани со мотоциклите.

honda motorcycle auto emergency braking in the pipe 3

Исто како и оние кои ги има кај автомобилите, и тука системот ја пресметува можноста за судар најверојатно користејќи радар кој се наоѓа на предниот дел на мотоциклот.

Доколку се забележи можност за судар, системот проверува дали радарот веќе ја примил оваа информација со тоа што започнува да го запира мотоциклот. Доколку се случи тоа, системот само обезбедува дополнителен притисок врз сопирањето но го задржува истиот сооднос на предно и задно сопирање.

Во случај возачот да не почнал да притиска на сопирачката, системот најпрво ќе ја вклучи задната сопирачка. Алгоритамот потоа го пресметува коефициентот на триење со површината пред да го одреди лимитот на сопирање.

Доколку сопирањето го достигне лимитот,  системот ќе ја вклучи и предната сопирачка и ќе продолжи така се додека мотоциклот не запре или се додека пречката која е на патот не биде избегната.

Овој систем има логика бидејќи Honda неодамна откри дека работи на концепт на мотоцикл кој може да стои самостојно. Системот користи два активатори кои го прилагодуваат аголот на вилушката и управувањето со помош на компјутер со цел мотоциклот да стои исправено дури и кога не се движи.

Јас верувам дека овие два системи треба да бидат самостојни бидејќи можеби нема на секој возач да му биде удобно да вози мотоцикл кој одеднаш ќе одлучи да запре. Дури иако избегне некаква опасност на патот, возачот може да биде изненаден и да падне од мотоциклот. Погодете кој ќе биде виновен во тој случај.

Back To Top