20 деца од Шпанија ќе ја имаат честа оваа година да бидат дел од 20 јуниорскиот крос камп на Марк Маркез.
Дека голем дел од MotoGP возачите се одлични кроз возачи не треба посебно да се истакнува. Тоа важи и за Маркез кој ја користи секога шанса а оние кои возеле со него велат дека е навстина добар и во оваа дисциплина. Оваа година всушност двајцата браќа Маркез ќе бидат домаќини на шестиот Allianz Junior Motor Camp за кој самиот Марк ја креираше четирдневната програма за децата на возраст од 10 до 13 години.
На браќате ќе им се приклучат и членови на стурчниот тим но и мотокрос возачот Хозе Луис Мартинез како и поранешниот шампион на Шпанија Хозе Луис Карион. Учеството во кампот е бесплатно, но треба да се пополни формулар и да се испрати видео на кое се прикажани вештините со кои располагаат младите возачи. За жал, заради рестрикциите околу пандемијата оваа година кампот е отворен само за деца од Шпанија.