(Време на читање: 3 - 5 минути)


Вчеравечер во хотелот „Александар Палас“ во Скопје се одржа генералното прогласување на Мотоциклистичката федерација на Македонија, на кое најдобрите возачи од земјава ги добија своите заслужени признанија за сезоната 2025.

Годината што е зад нас беше исклучително успешна за македонскиот мото спорт, со силна конкуренција во сите дисциплини и одлични резултати како на домашната, така и на меѓународната сцена.

mfm-proglasuvanje

🏁 Ендуро – Куп на Македонија 2025

Во ендуро дисциплината, возачите понудија возбудлива сезона со силна конкуренција во сите класи.

Класа Е2

🥇 Давид Ристов

🥈 Наум Чулчески

🥉 Нехад Зендели

Класа Е3

🥇 Давид Крстевски

🥈 Дарко Дејановски

🥉 Александар Давчевски

Класа Е Јуниор

🥇 Кирил Глигоров

🥈 Ѓорѓиче Давчевски

🥉 Христијан Давчевски

🏍️ Мотокрос – Шампионат на Македонија 2025

Мотокрос шампионатот донесе најголем број класи и најширока конкуренција, со одлични настапи и кај сениорите и кај младите надежи.

kiko 2025Христијан Илиоски - Кико

Сениорски класи

МХ1

🥇 Христијан Илиоски

🥈 Гоце Томовски

🥉 Васко Киров

МХ2

🥇 Антонио Дамјановски

🥈 Озџан Агушев

🥉 Саше Трајков

МХ

🥇 Димитар Маџунков

🥈 Михаил Бајовски

🥉 Синиша Станковски

MXS

🥇 Ангелче Стојковски

🥈 Слободан Ивчевски

🥉 Никола Георгиевски

За галеријата од настанот кликнете овде.

Јуниорски класи

МХ2 Јуниор

🥇 Виктор Андреевски

🥈 Елхам Џафер

🥉 Огнен Тодоров

МХ85

🥇 Стефан Георгиевски

🥈 Михаил Стојковски

🥉 Ева Дамјановска

МХ65

🥇 Михаил Мрчковиќ

🥈 Марко Поповски

🥉 Драган Димов

mfm proglasuvanje najdobri 2025

⚡ Брзински мотоциклизам – Шампионат на Македонија 2025

И во брзинските дисциплини, македонските возачи покажаа високо ниво и константност во текот на целата сезона.

Формула 1000

🥇 Петар Мијалков

🥈 Владо Ѓолев

🥉 Сашо Николов

STK 1000

🥇 Димитар Митов

🥈 Христијан Бузалковски

🥉 Цветелин Пенчев

Формула 600

🥇 Слободан Ивчевски

🥈 Павле Ташковиќ

🥉 Ангел Луканов


cobo 2025Слободан Ивчески - Цобо

🌍 Успеси на меѓународната сцена

2025 година беше фантастична и на меѓународен план за македонските натпреварувачи.

На БМУ Европскиот шампионат (Балканска Мото Унија), во класата Ф1000, Македонија се искачи на највисокото место на пиедесталот благодарение на шампионската титула на Петар Мијалков. Во посилната класа STK1000, Христијан Бузалковски заврши на втората позиција, додека Синиша Кочоски беше четврти. Според вкупното бодување за најсилната SBK класа, Бузалковски ја заврши сезоната како 5-ти, а Кочоски како 6-ти.

Во класата Ф1000, барем на една трка настапија и Владо Ѓолев, Сашо Николов – Тумац и Бојан Васковски.

Кај мотоциклите до 600cc, во класата Ф600, Слободан Ивчевски ја освои вице-шампионската титула, Павел Драганов финишираше на 7-та позиција, а Павле Ташковиќ на 14-тото место. Македонија немаше претставници во класите STK600 и SSP.

МФМ ја додели наградата за најдобар остварен успех за 2025 на Петар Мијалков.

petar mijalkovПетар Мијалков

Во екипна конкуренција на БМУ шампионатот, Македонија ја заврши сезоната на петтата позиција. Бугарија собра најмногу поени, пред Романија и Грција, додека пред нашата репрезентација завршија и Турција, а зад нас Србија и Кипар.

Кај кросистите, Васко Киров заврши како втор во класата МХ1, а Гоце Томовски 11-ти. Во МХ125, Виктор Андреевски беше 6-ти, Огнен Тодоровски 22-ри, а бодови имаше и за Дамјан Давидовски. Во МХ85, Михаил Стојковски финишираше како 9-ти, а во МХ65, Димов Драган беше 17-ти. Во оваа класа се бодуваа и Михаил Мрцковиќ (39) и Олег Дејановски (41). На една трка настапи и Марко Поповски.

Стојковски Ангелче е крунисан за вице-шампион во класата MXS, класа во која на една трка настапи и Слободан Ивчески. Во класата MX,  највисоко котираше Ивица Гиновски со 4-та позиција во генерален пласман, пред Саше Трајковски (9), Димитар Маџунков (11), Синиша Станковски (14). Во оваа класа поени забележаа и Виктор Караколев, Владимир ДимовЗоран Каранфиловски и Иван Цековски.


🏆 Алпе Адриа шампионат

Во повисокото по рејтинг натпреварување – Алпе Адриа шампионатот, Македонија доби шампион во мотокрос класата МХ85, каде што младиот Михаил Стојковски ја освои титулата како единствен македонски претставник во оваа класа.

Во помалата класа МХ65, со бронзен медал се закити Драган Димов, додека настапи забележаа и Михаил Мрчковиќ, кој ја заврши сезоната на 13-та позиција, како и Олег Дејановски, кој финишираше 15-ти.

Во најсилната класа МХ1, Васко Киров ја освои втората позиција, а Гоце Томовски, со една извозена рунда, заврши на 10-тото место.


buzalkovski fim europeХристијан Бузалковски

🏍️ Историски успех за Македонија

Кај брзинците, Христијан Бузалковски го повтори успехот од 2023 година и повторно се закити со бронзениот медал од Европскиот куп во класата STK1000, додека Синиша Кочоски ја заврши сезоната на четвртата позиција.

Овие двајца возачи испишаа историја за македонскиот мото спорт со настапот на легендарната трка 24 часа Ле Ман, дел од Светскиот шампионат во издржливост.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: