Претстојниот викенд во Берово ќе се одржи првата трка од шампионатот на Македонија во Ендуро за 2018.
Трката во организација на Мотоциклистичката федерација на Македонија, мото клуб Мото-Велес и општина Берово ќе се одржи претстојниот викенд.
Се работи за прва трка од државниот шампионат во Ендуро за 2018 година и трка која за прв пат ќе се одржи во Берово. Местото изобилува со прекрасни терени за ендуро кои се гарант за возбудливи трки.
Според најавите трките ќе се возат во два натпреварувачки денови и ќе се бодува за државниот шампионат во Ендуро. Предвидени се три класи кои ќе се бодуваат E1, E2 и E3 (T1 кинески до 450cc) и ОПЕН ХОБИ класа која нема да се бодува за шампионатот. Отворената класа ќе им овозможи на ентузијастите да го искусат натпреварувачкиот предизвик во Ендуро.
Мото-Велес воедно ги известува сите заинтересирани натпреварувачи навремено да извадат лиценца, спортско лекарско уверение и осигурување за да можат да учествуваат на трките.