(Време на читање: 1 - 2 минути)


Изминатиов викенд во Берово се оддржа првата ендуро трка во организација на МК „Мото Велес“ и МФМА која се бодуваше за македонскиот Ендуро шампионат.

Првата трка од Ендуро шампионатот на Македонија во целост ги оправда очекувањата. 45 учесници во 6 класи настапија на патека и брзински тест подготвени по Светски стандарди.

37397722 10205124441947285 6153817467987689472 n

Прекрасните предели на Беровскиот крај како и искуството на организаторот придонесе да проследиме возбудлива трка во сите класи. 

Во класата Е1 нај успешен беше Ванов Драган пред Христијан Станкович и Виктор Караколев, а во класата Е2 победата му припадна на Синиша Николовски, пред Михаил Бајовски и Иван Цековски. Во класата Е3 нај успешен беше Владимир Димов, кој заврши пред Ненад Бошевски и Иван Чавков. Хоби класата беше за оние кои сакаа за прв пат да се обидат во оваа дисциплина, а од нив најдобар беше Кенан Сенанов, пред Сали Имеров и Антонио Трајков. Во Т1 класата го проследивме возењето на двајца учесници, Оливер Мојсеев и Милан Димитровски. Во Берово свој настап имаа и натпреварувачите во класата Ветерани од кои најдобар беше Јанис Колиглиатис, пред Борче Костов и Мирче Златановски. Воедно Јанис имаше вкупно најдобро време од трите теста, а Ванов Драган имаше најбрз извозен тест.

Во ендуро шампионатот на Македонија ќе се возат вкупно три трки, а доколку според утрото денот се познава, не очекува навистина возбудлив шампионат.

 

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: