Со особена чест Ве информираме дека motori.com.mk потпиша Меморандум за соработка со Мото Асоцијацијата на Македонија на МК мото клубови.

Целта на оваа соработка е јасна и стратешка:
Поттикнување и унапредување на мото културата
Подигнување на јавната свест за безбедност во сообраќајот
Навремено информирање за мото настани, тури, собири и хуманитарни активности
Промоција на позитивните вредности на мото заедницата
Поддршка на младите и новите мото возачи
Во рамки на ова партнерство, на Motori.com.mk ќе биде отворена и заедничка рубрика за колумни, каде ќе се објавуваат текстови од претставници на клубовите од Мото Асоцијацијата и искусни мото возачи.
Преку оваа рубрика ќе споделуваме:
Совети за безбедно и одговорно возење
Искуства од тури и мото настани
Информации за законска регулатива и обврски
Насоки за избор на заштитна опрема
Анализи и корисни содржини поврзани со мото светот
Нашата визија е организирана, безбедна и почитувана мото заедница, која ќе биде пример за култура во сообраќајот и партнер на институциите. Оваа соработка претставува чекор напред кон поголема видливост, професионализација и институционална поддршка на мото сцената во Македонија.
Мото културата ја градиме заедно и одговорно ![]()

Коментари