Нашите пријатели од Скај Мото денес официјално го пуштија во функција нивниот нов веб сајт – skymoto.com.mk, и мора да признаеме дека изгледа сериозно добро.

Во време кога сè повеќе работи се селат онлајн, убаво е да се види кога некој од домашната мото сцена вложува во модерен, функционален и прегледен сајт што навистина им олеснува на моторџиите. Новата платформа е целосно организирана како онлајн продавница, со јасно поделени категории: мото опрема, делови, гуми, масла и додатоци, како и брендовите што ги застапуваат.

skymoto

Особено ни се допаѓа што пребарувањето е едноставно, а навигацијата е чиста и разбирлива – без непотребни компликации. На едно место може да се најдат гуми, различни типови заштитна опрема, како и технички производи кои на секој моторџија порано или подоцна му требаат. Да потсетиме, во нивната понуда се наоѓаат брендови како Acerbis, Ariete, Cardo, DID, Eleveit, Ferodo, Five, Forma, Givi, Hiflo Filtro, JT Sprockets, LS2, Metzeler, Motorex, NGK, Oxford, Pirelli, ProX, RK Japan, Sena, Spidi, Tucano Urbano и многу други.

Дополнително, има и јасни информации за испорака (2–5 работни дена) и бесплатна достава за нарачки над 2990 денари, што е плус кога станува збор за купување гуми или поголеми производи.

Вакви чекори значат дека мото заедницата кај нас полека, но сигурно оди напред. Повеќе достапност, подобра услуга и поедноставна комуникација – тоа е добивка за сите.

Им посакуваме многу успешни нарачки и задоволни клиенти, а вие можете да го разгледате новиот сајт на:
👉 https://skymoto.com.mk/

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: