(Време на читање: 1 - 2 минути)


По најавите и деталните информации за концептот и главниот тренер, M*A*R*C – Macedonia Adventure Ride Camp официјално ги отвори регистрациите за своето прво издание, кое ќе се одржи од 5 до 7 јуни 2026 година во кампот Љубаништа, во срцето на Охридско-преспанскиот регион.

Станува збор за прв настан од ваков тип кај нас, целосно посветен на ADV и ендуро возење, со програма која е прилагодена и за почетници и за поискусни возачи. Како што беше истакнато и во претходните интервјуа, целта на M*A*R*C е да понуди безбедно, едукативно и авантуристичко искуство, со силен фокус на техника, самодоверба и уживање во возењето.

Два пакети за учество

За да им излезат во пресрет на различните потреби на учесниците, организаторите нудат две опции за регистрација, достапни преку официјалната страница на настанот:

ALL INCLUDED пакет - Овој пакет е наменет за оние кои сакаат целосно да се посветат на возењето и програмата, без дополнителни грижи околу логистиката. Во цената се вклучени:

  • Сместување (2 ноќевања) во камп Љубаништа
  • Вкупно 4 оброци (2 вечери и 2 појадоци)
  • Welcome pack
  • Оригинален M*A*R*C дрес или маица
  • Tренинг сесии
  • Офроуд и асфалтни рути
  • Вечерна програма со презентации и storytelling

PROGRAM ONLY пакет – Оваа опција е за учесници кои сами ќе си организираат сместување и храна. Пакетот вклучува:

  • Welcome pack
  • Оригинален M*A*R*C дрес или маица
  • Tренинг сесии
  • Офроуд и асфалтни рути
  • Вечерна програма со презентации и storytelling

Попуст за најбрзите

Цената е 250 односно 150 евра за соодветниот пакет. Организаторите најавуваат и специјален попуст за првите 15 регистрирани учесници, што е дополнителен мотив за сите заинтересирани што е можно побрзо да го обезбедат своето место на овој уникатен ADV настан.

darko marc

Тренинг со Dakar легенда

Како што веќе беше објавено, еден од тренерите на M*A*R*C ќе биде Симон Марчиќ, 12-кратен учесник на релито Дакар и носител на титулата „Dakar Legend“. Неговото присуство, заедно со останатите инструктори, гарантира висок квалитет на тренинзите и директен пренос на искуство од врвниот мотоспорт во реално ADV возење.

Регистрација

Регистрацијата е веќе активна и се врши онлајн преку официјалната страница на настанот. Со оглед на ограничениот број на места и интересот што веќе го привлекува M*A*R*C, организаторите советуваат навремено пријавување.

Повеќе информации и регистрација: marc.mk/registration

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: