По најавите и деталните информации за концептот и главниот тренер, M*A*R*C – Macedonia Adventure Ride Camp официјално ги отвори регистрациите за своето прво издание, кое ќе се одржи од 5 до 7 јуни 2026 година во кампот Љубаништа, во срцето на Охридско-преспанскиот регион.
Станува збор за прв настан од ваков тип кај нас, целосно посветен на ADV и ендуро возење, со програма која е прилагодена и за почетници и за поискусни возачи. Како што беше истакнато и во претходните интервјуа, целта на M*A*R*C е да понуди безбедно, едукативно и авантуристичко искуство, со силен фокус на техника, самодоверба и уживање во возењето.
Два пакети за учество
За да им излезат во пресрет на различните потреби на учесниците, организаторите нудат две опции за регистрација, достапни преку официјалната страница на настанот:
ALL INCLUDED пакет - Овој пакет е наменет за оние кои сакаат целосно да се посветат на возењето и програмата, без дополнителни грижи околу логистиката. Во цената се вклучени:
- Сместување (2 ноќевања) во камп Љубаништа
- Вкупно 4 оброци (2 вечери и 2 појадоци)
- Welcome pack
- Оригинален M*A*R*C дрес или маица
- Tренинг сесии
- Офроуд и асфалтни рути
- Вечерна програма со презентации и storytelling
PROGRAM ONLY пакет – Оваа опција е за учесници кои сами ќе си организираат сместување и храна. Пакетот вклучува:
- Welcome pack
- Оригинален M*A*R*C дрес или маица
- Tренинг сесии
- Офроуд и асфалтни рути
- Вечерна програма со презентации и storytelling
Попуст за најбрзите
Цената е 250 односно 150 евра за соодветниот пакет. Организаторите најавуваат и специјален попуст за првите 15 регистрирани учесници, што е дополнителен мотив за сите заинтересирани што е можно побрзо да го обезбедат своето место на овој уникатен ADV настан.

Тренинг со Dakar легенда
Како што веќе беше објавено, еден од тренерите на M*A*R*C ќе биде Симон Марчиќ, 12-кратен учесник на релито Дакар и носител на титулата „Dakar Legend“. Неговото присуство, заедно со останатите инструктори, гарантира висок квалитет на тренинзите и директен пренос на искуство од врвниот мотоспорт во реално ADV возење.
Регистрација
Регистрацијата е веќе активна и се врши онлајн преку официјалната страница на настанот. Со оглед на ограничениот број на места и интересот што веќе го привлекува M*A*R*C, организаторите советуваат навремено пријавување.
Повеќе информации и регистрација: marc.mk/registration

Коментари