Често посетувам форуми за мотоцикли и сретнувам многу нови лица кои постојано прашуваат каков треба да им биде првиот мотоцикл што ќе го купат. Некои од нив немаат ниту дозвола. Еве едно интересно виде кое може да ви послужи како старт.
Сте се качиле еднаш на мотоцикл и веќе се чувствувате зависни. Комплетно ве разбирам бидејќи и мене ми се случи истото.
Но, немојте да брзате. Морате да разберете дека возењето на мотоцикл не е едноставно само возење наоколу за да ве забележат другите или пак начин да и го привлечете вниманието на некоја девојка.
Прашајте се првин неколку прашања. Зошто сакате да возите? Ако е поради истата причина која веќе ја напоменавме погоре, подобро за вас ќе биде да побарате други алтернативи, бидејќи сигурно ќе направите грешка додека се обидувате да импресионирате некого.
Второто прашање би било каде би возеле најчесто. Овие две прашање ќе ви помогнат во изборот на мотоцикл. Морате да знаете дека мотоциклите се многу поразлични од автомобилите и нема да можете со еден ист мотоцикл да ги исполните сите ваши желби.
На пример, ако планирате најчесто да возите низ град, првата опција би била да купите соголен („нејкед“) мотоцикл, по можност некој понов модел кој има течно ладење во случај да се најдете заглавени во сообраќајот. Доколку пак сакате да одите на подолги релации, најдобра опција би ви била крузер или некој авантуристички мотоцикл кој има комплетна опрема на него.
Листата е долга, но видеото кое можете да го видите подолу ќе ви понуди доволно информации за тоа како подобро да навлезете во светот на мотоциклите.