(Време на читање: 1 минута)


Викендов на патеката Серез во Грција официјално започнува новата сезона со првата и втората рунда од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам. 

Нѐ очекуваат возбудливи две трки во сабота и недела, временските услови се одлични, тимовите веќе се пристигнати, моторите се подготвуваат, а адреналинот расте уште од првите технички контроли.

serres 2026

Македонија ќе има силна и разновидна претстава во повеќе класи:

  • Слободан Ивчевски – класа F600

  • Петре Мијалков – класа STK1000

  • Лука Луканоски – класа MC-500

  • Сашо Николов – Тумац – класа MOS

Сите четворица влегуваат во сезоната со јасна цел – силен старт, добри времиња на квалификациите и борба за што подобар пласман во двете трки што ги очекуваат.

Денеска програмата започна со административни и технички контроли, а потоа следуваат слободни и квалификациски тренинзи за сите категории. Темпото е густо, а секоја сесија е важна за утре да се застане на стартната линија што понапред.

Следете ги резултатите од сите сесии во живо на: BMU ROAD RACING CHAMPIONSHIP 2026 - S-Timing

Им посакуваме многу среќа, чисти трки и успешен викенд на нашите момци – нека блеснат на патеката во Серез!

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: