CFMoto имаат нов, интересен, електричен скутер наречен Cyber Concept.

CFMoto имаат нов, интересен и полн со технологија електричен скутер наречен Cyber Concept. Од компанијата велат дека за 2.9 секунди тој може да развие брзина од 48 километри на час. Максималната брзина изнесува 112 км/ч а со едно полнење на батеријата можете да поминете 128 километри.

Создаден од Zehoo, електричнниот оддел на CFMoto, овој концепт енергијата ја добива од литиумската батерија која има капацитет од 4kWh.

Од Zehoo велат дека благодарение на напредниот дизајн, за 30 минути може да се наполни 80% од батеријата. Пред да ги загуби перформансите со неа ќе можете да поминете речиси 200 илјади километри а вкупно имате 2500 полнења.

CFMoto Cyber Concept

Дел од ова, како што велат, се должи на новиот „powertrain“ кој го нарекоа ‘Cobra’ и кој се придвижува благодарение на 10kW моторот кој има 92% ефикасност.

А како што можете да претпоставите и од самото име на концептот, тука не станува збор само за мотор и тркала. Скутерот е опремен со нова технологија, меѓу кои се гласовна контрола, дијагностика и старт без клуч.

CFMoto вели дека од следната година планираат да почнат со производство на скутерот.

Back To Top