(Време на читање: 1 - 2 минути)


Постојат гласини дека Yamaha работи на „full-fairing“ верзија на нивниот популарен MT-07 уличен мотоцикл.

Според информациите, компанијата сака на пазарот да престави машина која ќе биде директен конкурент на Aprilia RS 660 кој во моментов е единствениот „full fairing“ мотоцикл кој спаѓа во средната класа.

На мотоциклите кои се дел од МТ-07 линијата не им е непозната тркачката патека. Како што можете да видите од фотографијата, на FZ-07R тркачките мотоцикли добро им се познати гаражите од МотоАмерика и тие веќе подолг период се дел од ова натпреварување.

Yamaha MT 07R

Главната причина за ваквата одлука се чини дека е пензионирањето на Yamaha YZF-R6, која ќе остави голем простор во линијата на мотоцикли на Yamaha, особено во спортскиот сегмент.

MT-07 машините се одлични улични мотоцикли а во исто време и компетентни тркачки машини кога соодветно ќе се надградат. Од компанијата сметаат дека доколку кај MT-07 се направат одредени промени и се искористат побрзи делови, машината ќе стане уште подобра.

„Full-fairing“ моделот ќе се најде над MT-07 во линијата на мотоцикли на Yamaha а веројатно ќе има и повисока цена. Сепак, и со тоа се очекува да чини помалку од R6.

Иако во моментов R6 е се уште влијателен во суперспорт категоријата, Yamaha би можела да го искористи овој „MT-07R“ како начин да се задржи во „Twins“ класата.

Ќе мораме да почекаме за да видиме дали оваа информација на крајот ќе се покаже како точна.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: