(Време на читање: 1 - 2 минути)


Пред неколку дена на различни медиуми се појавија неофицијални фотографии од новиот Moto Guzzi V100. На нив се приметуваше ретро изгледот, но италијанците не чекаа долго за да ја потврдат и официјално веста.  

v100 1920x800

Компанијата ги потврди плановите за новиот V100 спорт, а во исто време и најавија промени во нивната фабрика и планот таа да стане дестинација з анивните фанови. 

V100 изгледа како ретро спорт турер кој е базиран на V85 моторот. Фотографиите прикажуваат сериозно влијание од дизајните на моторите од средината на 80-тите. Ако судиме по сликите тогаш може да очекуваме и водено наместо воздушно ладење како што сега има V85tt. Официјалното соопштение не открива премногу детали, само во стилот на Apple и нивите соопштенија велат: моторот има прекрасен дизајн, врвен агрегат, и најнови технологии кој го внесуваат Moto Guzzi во следните 100 години. 

2022 moto guzzi v100

Што се однесува до развојот на самата фрабрика, италијанците изгледа се инспирирале од Дукати и се решени да го надградат целиот комплекс кој покрај нов производствен погон ќе добие и нов конференциски дел, хотел и ресторан. Најавата е новиот комплест да започне со функција во 2025 со прославата на 100-от роденден на брендот.

v100

V100 за прв пат во живо ќе биде претставен на EICMA при крајот на ноември во Италија. 

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: