Во неколку видеа изминативе денови Kawasaki најавува претставување на нов мотор на 29 овој месец. Да, сите индикатори укажуваат на Z650, но ако се суди по последниот тизер, тогаш дефинитвно и овој Kawasaki ќе има ретро изглед.

Kawasaki Retrovolution 2021 

На крајот на видеото се испишува Retro Evolution - Retrovolution. 

Ако судиме според ретро изгледот на Z900RS SE тогаш може да очекуваме и помалиот брат да го следи стилот и веројатно името со SE во него. Во видеото на кратко во еден кадар се појавува ретро мотор, всушност се појавува оригиналниот Kawasaki Z650 со 4 цилиндри, од далечните '70-ти.  

Cycle World се повикува на документи до кои ти дошле а служеле за внесување на новиот модел во Европа. Документите укажуваат дека новиот модел ќе се појави во понудата на Kawasaki на пазарот во Европа во 2022 година. Тие го потврдуваат и неговоти име но и некои детали околу самиот агрегат, неговата можност но и тежинат аи димензиите на моторот. 

 z900rs

Секако, овие бројки се многу блиску до бројките на Z650. Исто како и Z650 и Z650RS има 67КС и 47ft на 6.700 вртежи во минута. Моделите го делат и истиот челичен рам иако растојанието меѓу тркалата кај RS е за 5мм пократко, што може да укажува на различна суспензија или предна вилушка, или само подесувањата се различни. 

Голем број други детали укажуваат на навстина малку промени во однос на Z650 моделот. 27 септември не е далеку, ќе имаме трпение и ќе видиме што ќе претстави Kawasaki. 

Back To Top