(Време на читање: 1 минута)


Peugeot Motocycles ја започна кампањата за претставување на својот нов модел, објавувајќи тизер со порака „The New Evo R is Coming“. Официјалната премиера на овој новитет е закажана за 29 јули 2026 година.

Компанијата го придружува тизерот со слоганот „Некои модели еволуираат. Други откриваат сосема нова личност“, што дополнително ја зголемува љубопитноста кај љубителите на брендот пред самото откривање.

Peugeot Motocycles - одбројување за новиот Evo R

Најава за Evo R

Во објавениот тизер, Peugeot Motocycles прикажува силуета на мотоцикл кој е целосно покриен со ткаенина, со што деталите за дизајнот остануваат скриени до официјалниот датум на премиерата. Компанијата најави претставување на нов модел, а 29 јули 2026 година е датумот на официјалното претставување на моделот. 

Технички претпоставки

Иако компанијата сè уште не споделува конкретни технички спецификации, силуетата на моделот сугерира дека станува збор за adventure или GT скутер. Карактеристиките вклучуваат висок преден дел и исправена положба на возење, како и зголемено растојание од подлогата. Дали станува збор за нова верзија на постоечки модел или целосно нов производ во понудата на Пежо ќе дознаеме во текот на утрешниот ден.

Пријавете се на билтенот за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: