Дали мислевте дека Tesi H2 на Bimota е единствениот мотоцикл кој е на продажба?

Три нови Bimota Tesi 3D Naked се најдоа на пазарот по цена од 36.000 евра. Тие се дел од специјалната линија која содржи само 45 примероци. Името Tesi 3D веќе подолго време постои на пазарот.

Овие специјални верзии го имаат 1078cc Ducati V-twin моторот како и црвена и бела боја. Како и што очекувавме, многу делови се направени од јаглерод, а мотоциклот исто така има прилагодливи Öhlins TTX амортизери како и лесни OZ тркала.

bimota tesi 3d 5

Сопственикот на продавницата каде можат да се најдат овие модели, Адам Пејн, вели дека очекува тие да бидат купени од лица кои сакаат да направат финансиска инвестиција. Пејн вели: „Бидејќи тие се толку ретки, штом ќе исчезнат ќе помине подолго време пред повторно да се појават на пазарот на користени мотоцикли.“

Оваа машина има и „Arrow“ издув на кој пак се наоѓа логото на Bimota. Секој мотоцикл има посебен број а заедно со него доаѓа и сертификат за автентичност. За оние кои веднаш сакаат да излезат на автопат, овој мотоцикл има две годишна гаранција.

Back To Top