(Време на читање: 1 - 2 минути)


Suzuki претстави подобрена верзија на GSX-S1000. Новата машина сега е помоќна од било кога досега.

Стариот GSX-S се покажа како многу популарен благодарение на комбинацијата од моќ и цена, но неодамна неговите најголеми ривали се одалечија. Со цел да го решат овој проблем, Suzuki одлучи да го доведе GSX-S на исто ниво со конкуренцијата.

Овој супербајк има 999cc inline four мотор кој претрпе значитени промени. Моќноста е зголемена а намалена е емисијата на штетни гасови. Моторот има нови intake/exhaust camshafts како и нова воздушна кутија. Резултатот е зголемување на моќноста од 148 на 150 bhp. На моторот му се приклучи и издув во согласност со Euro5 стандардот како и нов кумплуг.

Suzuki GSX S1000 txt 1 26 04

Suzuki исто така креираше и нови електронски помагала за возачот. Исто како што компанијата направи со последните Hayabusa и V-Strom 1050, новиот GSX-S го доби „Suzuki Intelligent Ride“ систем ('SIRS').

Исто така има и „ride-by-wire“, три режими на возење, контрола на тракцијата на пет нивоа како и нов LCD екран.  Компанијата сепак не ја опреми оваа машина со IMU.

Suzuki GSX S1000 txt 21 26 04

Најочигледна промена кај новиот GSX-S1000 е изгледот. Веќе ги нема заоблените пластични делови како и единечното светло. Наместо тоа, машината доби двојни светла напред како и заоблени аеродинамични додатоци кои изгледаат исто како и кај МотоГП мотоциклите. Исто така има и уште неколку интересни додатоци меѓу кои се и LED светлата.

Има неколку промени и кај шасијата. Променета е позицијата на седење, има ново седиште, подобрени сетинзи на суспензијата како и поголем резервоар за гориво.

Suzuki GSX S1000 txt 3 26 04

И што е најдобро од се, тој не е многу поскап од постариот модел. Препорачаната цена на производителот за 2021 GSX-S1000 изнесува 12.650 евра, само 550 евра поскапо од претходната верзија. Оваа машина се очекува да се појави на пазарот кон крајот на јуни.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: