(Време на читање: 1 - 2 минути)


Апелациониот суд ја донесе одлуката во случајот против аеродинамичниот уред на Ducati.

За време на првата трка од новата сезона која се одржа во Катар, четири тима меѓу кои Suzuki Ecstar, Repsol Honda, Red Bull KTM и Aprilia Racing Team Gresini до стјуардите поднесоа приговор поради употребата на специјална направа на мотоциклот на Ducati.

Четирите тима сметаа дека направата ја подобрува аеродинамиката и поради тоа поднесоа жалба поради прекршување на техничките правила. После сослушувањето, жалбите на тимовите беа одбиени.

Ducati Appeal txt 1 27 03 copy

Истите тимови потоа поднесоа приговор против одлуката на стјуардите. Беше утврдено дека е потребна дополнителна техничка евалуација и дека со оглед на околностите тоа не можело да се изврши. Поради тоа, во согласност со членот 3.3.3.2 од важечките прописи, одлучија случајот да го предадат на  Апелациониот суд задолжен за MotoGP. После сослушувањето кое се оддржа на 22-ри март во Миес, Апелациониот суд ја донесе својата одлука и за тоа ги информираше сите страни кои се дел од спорот.

Апелациониот суд ја донесе следнава одлука:

  • Жалбата поднесена од Aprilia, Suzuki, Honda и KTM се прифаќа.
  • Резултатите од трката се потврдуваат и се декларираат како конечни.
  • Барањето уредот да се прогласи за нелегален и да се забрани неговата примена се отфрла.

Во рок од 5 дена може да се поднесе жалба против оваа одлука пред Арбитражниот суд за спорт во Лозана, Швајцарија.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: