(Време на читање: 2 - 3 минути)


„Имаме сличен стил на возење. Затоа мислам дека кога Роси чувствува дека има некаков проблем, истото се случува и кај мене“ - Франко Морбидели

MotoGP сезоната на тимот на Yamaha доби нов заплет откако на последната трка се појави голема разлика во перформансите на четворицата возачи за време на квалификациите и на трката.

Иако тимот ја прослави пол позицијата и победата благодарение на Фабио Куартараро и Маверик Вињалес, Франко Mорбидели и Валентино Роси имаа далеку од добар настап.

Сателитскиот тим на Petronas имаше подобар настап од фабричкиот тим, особено на тренинзите и квалификациите, и ова веќе не преставува никакво изненадување. Но она што е интересно на трката беше настапот на Фабио Куартараро кој имаше различни спецификации на мотоциклот.

Французинот стигна до пол позиција додека пак Вињалес, кој настапи со мотоциклот кој има фабрички спецификации, стигна до првата победа за Yamaha оваа сезона.

Другите двајца возачи кои настапија со ист мотоцикл како и Вињалес, Морбидели и Роси, за време на квалификациите стигнаа до деветото и четиринаесетото место. Настапот на Роси не можеше целосно да се процени со оглед на несреќата која ја имаше уште на самиот старт, неговиот тренинг партнер и сонародник, Франко Морбидели, заврши четиринаесет секунди зад Вињалес.

„Имаме сличен стил на возење, затоа мислам да“, изјави Морбидели на прашањето дали има врска меѓу Роси и неговите перформанси. „Кога тој чувствува некаков проблем, истото се случува и со мене. Но се надевам дека на следната трка и двајцата ќе бидеме брзи.“

Morbideli Asen Txt 03 07

Иако се очекуваше Морбидели да биде главен возач на новиот Petronas Yamaha тим, сепак Куартараро е возачот кој го украде шоуто.

„Се фокусираме на себеси и се обидуваме да дадеме се од себе. Знам дека кога го гледате Фабио си мислите дека него работите му доаѓаат природно и едноставно. Но од некоја причина, ние имаме проблеми“ , изјави Морбидели.

„Се обидуваме да го подобриме целокупниот пакет, да возиме до максимум и конечно успеавме да имаме добар викенд.“

За разлика од претходните трки кога беше добар за време на квалификациите но имаше слаб настап на трките, Италијанецот имаше добар настап во Асен и во последниот круг успеа да му го одземе петото место на возачот на Ducati, Данило Петручи.

„Ова беше навистина добра трка. Можеби не беше мој најдобар настап но секогаш е добро кога сте брзи пред крајот на трката.“

„Викендов не почна најдобро. Бев 17-ти, 14-ти, многу далеку од останатие возачи. Но успеавме да останеме смирени и да завршиме добра работа.“

„Ми недостигаше малку стабилност но успеавме да се подобриме во текот на трката.“

Оваа трка беше во целосна спротивност од она што се случуваше на изминатите трки кога бевме брзи на тренинзите но немавме добар настап на трките.

„Не знам што да очекувам од трката во Заксенринг бидејќи не настапив на трката минатата година. Но со нетрпение чекам да почне за да продолжиме со добриот настап.“

Во моментов Морбидели е на дванаесетото место во генелатниот пласман а неговиот тимски колега Фабио Куартараро е шести.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: