(Време на читање: 1 - 2 минути)


Бред Биндер ќе го има своето деби во MotoGP во 2020 година откако се договори со Red Bull KTM Tech3 и ќе го замени Хафиз Сиахрин кој ќе ја напушти екипата.

Бред Биндер ќе го има своето деби во MotoGP во 2020 година и ќе му се приклучи на поранешниот колега Мигел Оливеира во Red Bull KTM Tech3.

Поранешниот Moto3 шампион во моментов е дел од Moto2 екипата на КТМ. Следната година тој ќе стане дел од првиот тим и ќе му се приклучи на Оливеира со кој заедно настапуваа во сезоните 2017 и 2018. После само две години, Сиахрин ќе го напушти тимот.

Биндер, кој на две трки по ред завршува на втората позиција во моментов се наоѓа на осмото место на табелата во Moto2 серијата.

„Неверојатно е што добивам ваква можност“ , изјави Биндер кој сезоната 2018 во Moto2 шампионатот ја заврши на третото место.

„Сакам да им се заблагодарам на KTM, Red Bull KTM Tech3 , мојот менаџер и мојата фамилија што ми помогнаа да стигнам до премиерната класа.“

„Ова е исполнување на сонот.  Кога растете, ова е вашата цел, да станете дел од MotoGP и да се натпреварувате со најдобрите возачи.“

Binder MotoGP txt 11 07

„Одлично е што потпишавме договор со Биндер бидејќи веќе долги години тој е дел од нашата екипа а исто така е и поранешен шампион“ , изјави Пит Беирер, директор на КТМ. „Добро соработуваме и среќен сум што тоа ќе продолжи и во иднина. Јасно е дека имаме голем предизвик пред нас и се надеваме дека Бред ќе продолжи да вози во добра форма.“

„Тој има специфичен стил на возење кој му помага да притисне до максимум. Не можеме да дочекаме да видиме каков ќе биде неговиот настап со MotoGP мотоцикл. Сигурен сум дека ќе допринесе многу, исто како што прави и досега.“

Биндер ќе биде првиот возач кој доаѓа од Јужна Америка по речиси 20 години пауза. Најверојатно Сиахрин следната година повторно ќе се врати во Moto2 серијата, веројатно во Tech3 или во  Petronas, откако во периодот од 2011 до 2017 година беше дел од Малезискиот тим.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: