„Дорна Спортс“ официјално е мртва како што ја знаевме и е преименувана во „MotoGP Sport Entertainment SL“. Но промените се многу подлабоки од само ново име, во рамки на корпоративното преструктурирање.
MotoGP поминува низ една од најголемите епохи на промени што спортот некогаш ги доживеал, и не зборувам само за новиот правилник за 2027. Во 2025 година, Европската комисија и регулаторните тела ја одобрија продажбата на Дорна Спортс на Liberty Media, која купи 84% од капиталот за 3,1 милијарди евра. Сега сме сведоци на првите големи потреси по аквизицијата.
Првата голема промена во 2026 година доаѓа во форма на ново име. Дорна, како што ја знаевме, е мртва, и нејзиното име официјално е сменето во MotoGP Sport Entertainment SL. Промената на името кое траеше речиси четири децении е интересна сама по себе, но уште поинтересно е тоа што „MotoGP“ е вклучено во новото име, имајќи предвид дека Дорна управуваше и со World Superbike (WorldSBK) и Светскиот рели шампионат (WRC).
Во големата слика, промената на името изгледа површно во споредба со систематското преземање од страна на Liberty, кое вклучува промени во највисоките управувачки структури и преструктурирање на компанијата. Во последните неколку месеци, повеќе корпоративни позиции беа укинати или преминаа во други раце.
Пабло Гонзалес Москеира, Хуан Санчез Алферез и Пабло Матесанц Родригез, кои беа корпоративни претставници на Дорна Спортс, се отстранети од тие позиции и нивните овластувања се укинати, додека Марија Долорес Приего Лукe стана овластен претставник.
Поранешниот претседател на Дорна Спортс, Вилијам Николас Џексон, се повлече и беше заменет од Чарлс Гордон Кери, а Хосе Марија Малдонадо Тринчант исто така се повлече од позицијата потпретседател. Во јануари, Мартин Едвард Патерсон беше формално назначен за висок потпретседател на Liberty Media Corporation, а му се придружија Иделфонсо Поло дел Мармол и Ориол Абад Вела како заменик-секретари кои не се членови на одборот.
Не е изненадување, сепак, што Кармело Ецпелета, кој е извршен директор од 1998 година, ја задржа својата позиција. Заедно со Ецпелета, Енрике Алдама ќе ја задржи својата улога како финансиски директор. Големи потези за медиумската компанија што управува со MotoGP, промени кои треба да осигураат деја спортот ќе тргне во нова насока под сопствеништвото на Liberty Media во 2026 година.


Коментари