(Време на читање: 1 - 2 минути)


Јуџин Лаверти изјави дека конечно почнува да се чувствува добро на неговиот Apsar Ducati. 

Ирецот е блиску до постигнување на најдобрата форма откако пропушти поголем дел од пред сезоната.

За време на тестовите Лаверти се бореше со повреди и лоша среќа. По само неколку круга на последниот тест  за 2015 година кој се оддржа на патеката во Херез, тој го скрши зглобот.  Поголем дел од тестот во Сепанг пропушти бидејќи му се заглави гаста, а откако му откажаа сопирачките, тој мораше да скокне од мотоциклот. Но откако успешно го помина тестот во Катар и се навикна на машината, тој изјави дека работите конечно си доаѓаат на свое место.

603639

„Прекрасно е чувството повторно да се вљубиш во твојот мотоцикл. Никогаш до сега не ми се случило да не уживам во возењето. Последниот ден се чувствував посебно. Навистина се обидов да постигнам најдобро време со новите пневматици.“

„После тоа почнавме да работиме на сетинзите и работите почнуваа да ми стануваат појасни. Ми стана јасно кој дел треба да го подобриме и го подобривме предниот дел. Токму поради него имав неколку падови. Успеав да ја спречам предната гума да не се лизга премногу. Чувството е прекрасно.“

Шампионатот започнува на 20-ти март со првата трка која се вози на патеката Лосаил во Катар.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: