(Време на читање: 1 - 2 минути)


„Нема да нападнам, само ќе се бранам“, Марк Маркез се откажа од борбата за победа за да ја зголеми разликата во однос на Довициозо.

Марк Маркез му вршеше голем притисок на Данило Петручи на трката во Муџело за да се осигура дека ќе победи тој а не неговиот тимски колега, Андреа Довициозо. Тројцата возачи плус Алекс Ринс од Suzuki беа речиси изедначени во последниот круг. На крајот Петручи успеа да се протне покрај Довициозо и Маркез и дојде до победа.

Иако можеше да се обиде и да го претекне, возачот на Repsol Honda вели дека одлучил да ја брани позицијата која ја имал во моментот. „Кога го видов Данило на првото место а Довицизо на третото, си реков во ред, нема да се обидам да нападнам туку само ќе се бранам“, вели Маркез.

„Ако нападнев и двајцата премногу широко влеговме во свиокот, Дови ќе победеше и тоа ќе беше полошо за мене. Поради таа причина останав позади Данило. Се обидов пред самиот крај да дојдам до победа но знаев дека е многу тешко.“

Marquez Mugello txt 03 06

Актуелниот шампион заврши со заостанување од само 0.043 секунди. Трпението на Маркез се исплатеше и сега ја зголеми предноста на табелата.

„Задоволен сум бидејќи на патека која не ни одговара завршивме на второто место и освоивме дваесет поени“, изјави Шпанецот кој стартуваше од пол позицијата.

„На почетокот на трката се обидов да ја искористам брзината но имав две мали грешки. Тогаш си реков дека денеска не е моментот за такво нешто и дека можеби ќе се обидам уште еднаш пред самиот крај. “

„Вчера имав најбрзо време со средни пневматици. Се чувствував многу добро со нив но на трката едноставно не ми одговараа. Затоа се одлучив со цврсти пневматици кои знаев дека нема добро да ми одговараат и дека ќе бидам побавен. Но тие беа единствената опција за да ја завршам трката.“

„Но најважното е и покрај тоа што не се чувствуваме најдобро, сепак успеваме да завршиме како втори. Постојано сме меѓу најдобрите, без разлика на условите.“

Довициозо сега е единствениот возач кој доколку победи би можел да го стигне Маркез. Алекс Ринс, кој заврши на четвртото место сега заостанува 27 поени.Возачот на LCR Honda, Такааки Накагами беше петти додека пак тимскиот колега на Маркез, Хорхе Лоренцо, заврши на тринаесетата позиција.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: