Марк Маркез одбива да прифати дека е невозможно да се урнат рекордите на Џакомо Агостини но во моментов не сака да размислува на тоа.
Марк Маркез одбива да прифати дека е невозможно да се урнат рекордите на Џакомо Агостини но во моментов не сака да размислува на тоа.
Откако ја освои осмата титула, шеста во премиерната класа, возачот на Repsol Honda се искачи на четвртата позиција на вечната листа на возачи со најмногу титули и сега е пред Џон Суртес и Фил Рид.
Во моментов пред него се наоѓаат Валентино Роси, Мајк Хејвуд и Карло Убиали, кои имаат по девет титули, Анхел Нието со 13 титули и лидерот Агостини со 15 шампионски трофеи. А токму Агостини смета дека 26 годишниот возач ќе успее да го надмине неговиот рекорд.
Сепак Маркез смета дека тоа нема да може лесно да се оствари, пред се поради промените кои ги има во серијата. Агостини, во периодот помеѓу 1968 и 1972 , во иста сезона ги освојуваше титулите во класите од 350cc и 500c.
„Многу го почитувам и ги имам слушнато тие изјави. Не сакам да го употребам зборот невозможно, но би рекол дека е тешко остварливо“, изјави Маркез за време на прославата на титулата.
„Треба да освојам дупло повеќе од она што го имам освоено досега. Никогаш не сум се оптоварувал со титули. Едноставно уживам додека возам и се чувствувам многу среќно што ова е моја секојдневна работа.“
„Се наоѓаме во еден период од MotoGP каде што речиси сите се еднакви, иако бројките во шампионатот не го покажуваат тоа.“
„Имаме четири фабрики кои победуваат и кои се борат за титулата. Тоа значи дека на патеката има најмалку осум мотоцикли кои се способни да победат. “
„Мора постојано да се подобрувате, да учите од поискусните, Валентино, Хорхе или Довициозо но и од помладите возачи како што се Фабио или Вињалес.“
Маркез исто така откри како ја прославил титулата во Бангкок, пред да се врати следниот ден во Шпанија.
„Забавата помина одлично и уште не може да ми се поврати гласот“, изјави Маркез. „Ја прославивме титулата онака како што заслужува. Никогаш не знаете кога ќе го сторите тоа повторно и затоа треба да славите се додека можете.“

Коментари