Тимот на Petronas Yamaha SRT ги претстави новите мотоцикли со кои Франко Морбидели и Фабио Квартараро ќе настап оваа сезона во МотоГП шампионатот.
Ден исполнет со претставување на нови мотоцикли во МотоГП, најпрво го видовме тимот на Сузуки, сега Petronas Yamaha SRT, а за кусо време и фабричката Јамаха.
На патеката Сепанг, за Petronas Yamaha SRT тимот Франко Морбидели и Фабио Квартараро гордо ги покажаа новите бои. Тимскиот директор Разлан Разли им се обрати на медиумите и заинтересираните фанови кои имаа можност да присуствуваат на откривањето на новите YZR-M1. Боите се слични на минатата сезона, а кај самите мотоцикли има разлика што можеше да се забележи од презентацијата, Квартараро седи на мотор со спецификација од 2020-та (повисок отвор за воздух), а Морбидели на модел од 2019 во нова боја.


Коментари