(Време на читање: 1 - 2 минути)


Објавена е конечната верзија на календарот за MotoGP сезоната 2020

Потврдена е финалната верзија на MotoGP календарот за сезоната 2020. Датите и местата остануваат исти како што беа и на привремениот распоред а единствена разлика е тоа што трката во Брно, Република Чешка, веќе не е предмет на договор.

Исто така, под знак прашалник останува и патеката во Финска, КимиРинг, која уште нема добиено официјално одобрение.

 DSC3637 copy copy copy copy

После официјалните предсезонски тестови во Сепанг и Лосаил, сезоната 2020 ќе почне со трката во Катар на почетокот на март.

Трката во Тајланд, наместо во октомври ќе се оддржи на 22-ри март а потоа тимовите од MotoGP шампионатот заминуваат во Остин, која останува трета трка од сезоната откако го промени местото со Аргентина.

Промени има и кај трката која се вози во Заксенринг и која сега ќе се оддржи пред онаа која се вози во Асен. Трката во Финска е закажана за 12-ти јули а претходно имаме три неделна пауза.

 Последните неколку трки остауваат исти. Најпрвин е триото Мотеги – Филип Ајленд – Сепанг а шампионатот ќе заврши кон средината на ноември со трката во Валенсија.

Официјални тестови после трките ќе има по завршувањето на трката во Херез и Барселона. Специјален тест за пневматиците ќе се оддржи на КимиРинг помеѓу 15-ти и 16-ти јуни а приватен MotoGP тест ќе имаме во Мисано помеѓу 15-ти и 16-ти септември.

2020 MOTOGP КАЛЕНДАР
Рунда Датум Трка Патека
1 8 Март Qatar* Losail International Circuit
2 22 Март Thailand Chang International Circuit
3 5 Април Americas Circuit of the Americas
4 19 Април Argentina Termas de Rio Hondo
5 3 Мај Jerez Circuito de Jerez - Angel Nieto
6 17 Мај France Le Mans
7 31 Мај Italy Mugello
8 7 Јуни Catalunya Circuit de Barcelona - Catalunya 
9 21 Јуни Germany Sachsenring
10 28 Јуни Netherlands TT Circuit Assen
11 12 Јули Finland** KymiRing
12 9 Август Czech Republic Brno
13 16 Август Austria Red Bull Ring - Spielberg
14 30 Август Great Britain Silverstone
15 13 Септември San Marino Misano
16 4 Октомври Aragon MotorLand Aragon
17 18 Октомври Japan Motegi
18 25 Октомври Australia Phillip Island
19 1 Ноември Malaysia Sepang
20 15 Ноември Valencia Comunitat Valenciana - Ricardo Tormo
Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: