По трката во Италија, MotoGP караванот се сели во Унгарија, каде што продолжува сезоната со Гран При на Унгарија на патеката Balaton Park.
Balaton Park
Патеката Balaton Park се наоѓа во близина на прекрасното езеро Балатон, на околу 85 километри од Будимпешта. Станува збор за една од најновите патеки во MotoGP календарот, отворена во мај 2023 година, која за кратко време стана важна нова дестинација за мото спортот во Унгарија.
Со својата должина од 4.08 километри, Balaton Park е техничка патека која носи поинаков предизвик за возачите и тимовите. Распоредот на свиоците, релативно краткиот најдолг правец и компактниот карактер на патеката ветуваат многу борба, особено во квалификациите и во спринт трката.
Од 2025 година, Balaton Park е дел од MotoGP календарот, со што Унгарија повторно доби место во најсилниот мотоциклистички шампионат по пауза од 33 години. Патеката, сместена во близина на едно од најпознатите туристички места во земјата, треба да донесе нова атмосфера во календарот и голем интерес кај публиката од регионот.
Спецификации на патеката:
- Вкупна должина: 4.08 km
- Ширина: 12 m
- Најдолг правец: 665 m
- Десни свиоци: 7
- Леви свиоци: 10
Распоред за следење на трките во Унгарија:
Петок – 5 јуни
| Време | Класа | Настан |
|---|---|---|
| 09:00-09:35 | Moto3™ | Слободен тренинг бр. 1 |
| 09:50-10:30 | Moto2™ | Слободен тренинг бр. 1 |
| 10:45-11:30 | MotoGP™ | Слободен тренинг бр. 1 |
| 13:15-13:50 | Moto3™ | Тренинг |
| 14:05-14:45 | Moto2™ | Тренинг |
| 15:00-16:00 | MotoGP™ | Тренинг |
Сабота – 6 јуни
| Време | Класа | Настан |
|---|---|---|
| 08:40-09:10 | Moto3™ | Слободен тренинг бр. 2 |
| 09:25-09:55 | Moto2™ | Слободен тренинг бр. 2 |
| 10:10-10:40 | MotoGP™ | Слободен тренинг бр. 2 |
| 10:50-11:05 | MotoGP™ | Квалификации бр. 1 |
| 11:15-11:30 | MotoGP™ | Квалификации бр. 2 |
| 12:45-13:00 | Moto3™ | Квалификации бр. 1 |
| 13:10-13:25 | Moto3™ | Квалификации бр. 2 |
| 13:40-13:55 | Moto2™ | Квалификации бр. 1 |
| 14:05-14:20 | Moto2™ | Квалификации бр. 2 |
| 15:00 | MotoGP™ | Tissot Спринт (13 круга) |
Недела – 7 јуни
| Време | Класа | Настан |
|---|---|---|
| 09:40-09:50 | MotoGP™ | Загревање |
| 10:00-10:40 | MotoGP™ | Talk Show |
| 11:00 | Moto3™ | Трка (20 круга) |
| 12:15 | Moto2™ | Трка (22 круга) |
| 14:00 | MotoGP™ | Гран При (26 круга) |


Коментари