Една недела после првата MotoGP победа, Алекс Ринс вели дека е од огромно значење да не направите никаква грешка кога ве следи Валентино Роси.
Една недела после првата MotoGP победа, Алекс Ринс вели дека е од огромно значење да не направите никаква грешка кога ве следи Валентино Роси.
Возачот на Suzuki успеа да дојде до првата победа во премиерната класа откако во интересна борба беше подобар од Валентино Роси. Ринс постојано беше под притисок од страна на возачот на Monster Yamaha кој се обидуваше да дојде до првото место.
Но тој остана смирен и на почетокот на последниот круг успеа да направи добра предност.Со тоа се одбрани од нападите на девет кратниот шампион и успеа да стигне до својата прва MotoGP победа. Тој стана првиот возач во историјата која успеал да стигне до победи во the Moto3, Moto2 и MotoGP сериите на една иста патека.
„Минатата сезона успеавме да се искачиме на подиумот а оваа година си поставивме за цел да дојдеме до победа. На три трки од новата сезона, ја исполнивме целта“ , изјави Ринс. „И покрај тоа што Маркез излета надвор од патеката, воопшто не беше лесно. Во првиот круг морав да бидам внимателен само за да можам да го следам темпото на другите возачи.“
„Кога бев зад Милер во првиот круг, бев многу блиску до него. Сепак имаше моменти кога мислев дека ми побегна.“
„Потоа, кога се најдов пред Валентино, си мислев дека тој ќе ме претекне. Затоа се сконцентрирав да не направам ниту една грешка до крајот. Морам да признаам дека тоа беше навистина тешко но во исто време ме обземаа големи емоции кога прв излегов од последниот свиок.“

Ринс вели дека победата на трката во Остин е голема награда за него и за тимот. Ова е прва победа за Suzuki после победата на Вињалес на Британската Гран При трка во 2016 година.
„Кога ја поминав целната линија бев пресреќен за сите кои се дел од екипата. Кога ги видов сите какок слават, ме обземаа емоциите. Забавата тогаш продолжи во гаражата. Сите пееа и се сликаа за да го овековечат моментот. Можев да ја слушнам и побликата како навива.“
„Плус, беше фантастично што можев да го носам каубојскиот шешир и да ја подигнам наградата.“
Сепак, Шпанецот вели дека не било се идеално во текот на викендот.
„Викендот не беше лесен и имавме мали проблеми. Во петокот се заклучив и Роби Бривио мораше да скокне од прозорецот за да не отклучи. Но сепак викендот заврши на најдобар можен начин.“
„Сега е време за првата трка во Европа која ќе биде четврта во шампионатот. Таа се вози во Херез која е една од најинтересните патеки. Се надевам дека ќе имам добар настап пред моите сограѓани.“

Коментари