(Време на читање: 1 - 2 минути)


Светски познатиот производител на издуви за мотоцикли Акрапович ја најави новата линија на „GP Style Slip-On Line“ специјално дизајнирана за новиот R1.

Akrapovic for Yamaha YZF R1 2

Светски познатиот производител на издуви за мотоцикли Акрапович ја најави новата линија на „GP Style Slip-On Line“ специјално дизајнирана за новиот R1.

Револуционерниот концепт од Акрапович ќе биде применет на новиот супербајк на Јамаха, па така освен фантастичниот изглед сопствениците на R1 2015 ќе добијат и подобрувања на перформансите (+3.6кс при 13,700 вртежи во минута, −5.2 кг / −52% за „Evolution“ моделот)

Кај „Evolution“ моделот надворешниот дел е целосно изработен од карбонски влакна додека пак цевките се изработени од титаниум што придонесува за намалување на тежината и добивање на звук кој ќе го изводи вашиот „кец“ од останатите.

Освен „Evolution“ од Акрапович за новиот R1 најавија и „Racing“ линија која е наменета за оние возачи за кои патеката е вистинското место за нивните мотори. За разлика од Еволушн моделите цевките се изработени од нерѓосувачки челик, а намалувањето на тежината во однос на фабричкиот модел е за −3.6 кг / −36%.

Увозник на Јамаха за Македонија е Мото Азуро, а официјален увозник на издувите Акрапович за нашата земја е компанијата Динамикс.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: