(Време на читање: 1 минута)


Akrapovic го претстави издувот за новата Yamaha R1, инспириран од победничките мотори на Валентино Роси и Хорхе Лоренцо новиот издув на Јамахата ќе и даде изглед и звук на МотоГП мотор.

r1 akrapovic

Akrapovic го претстави издувот за новата Yamaha R1, инспириран од победничките мотори на Валентино Роси и Хорхе Лоренцо новиот издув на Јамахата ќе и даде изглед и звук на МотоГП мотор.

Слип-он издувот е првиот чекор кон процесот за тјунирање на издувниот систем на новата Јамаха. Изгледот кој е изведен од тркачката Јамаха YZR-M1 на Роси и Лоренцо не само што го подобрува изгледот на моторот туку ја зголемува и неговата моќност.

Одличниот издув е изработен од лесен титаниум, ја зголемува моќта на моторот низ целата крива на забрзување притоа произведувајќи звук налик на мотоциклите кои ги слушаме во МотоГП. Издувот прекрасно се вклопува во линијата на самиот мотор, а во понудата за почеток, освен слип-он Акрапович нуди и цевка за поврзување на постоечкиот систем со лонецот. Линк цевката исто така е изработена од титаниум и е наменета само за новиот модел на издувот и Јамаха Р1 од 2015 година.

r1 2015 akrapovic

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: