(Време на читање: 1 - 2 минути)


Компанијата за производство на сопирачки, Brembo, пушти на пазарот нов радијален цилиндер кој има висока спецификација и технологија која поткнува од MotoGP.

Компанијата за производство на сопирачки, Brembo, пушти на пазарот нов радијален цилиндер кој има висока спецификација и технологија која поткнува од MotoGP. 19RCS Corsa Corta му овозможува на возачот да го прилагоди сопирањето. Тие имаа и три нивоа на реагирање, а возачот ќе може да одбере едно од нив во зависност од стилот на возење. Подеднакво добри како за возачите кои возат на улица такаа и за оние кои сакаат да возат на тркачка патека.

Brembo 19RCS Corsa Corta 1

Нормалниот сетинг е најдобар за возење низ град или за сопирање во полоши услови, односно кога е потребен помек пристап. Бидејќи сопирањето е постепено, тие најмногу одговараат кога возите низ град.

Спортскиот сетинг е малку поосетлив од нормалниот и е наменет за оние кои сакаат подинамично сопирање. За тркачкиот сетинг, од Brembo велат дека исто како и кај MotoGP.

Corsa Corta исто така го содржи и „Ratio Click“ системот кој му дава на возачот можност да ја избере „fulcrum-to-piston“ разликата, односно да одбере дали 18 или 20 милиметри, што пак му овозможува на возачот уште поголема контрола врз сопирачките. 19 милиметри широкиот простор на цилиндарот значи дека тој е добар само за мотоцикли кои имаат „dual brake disc“ сетап.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: