Ова е новата кацига на Nolan која ги задржува врвните карактеристики која ги имаше и нејзиниот претходник N44.
Ја одбележува специфичниот дизајн, големиот број на технички додатоци како и широкиот спектар на бои и графики. Компактната големина, двојната P/J хомологација, ултра широк визир, штитник за сонце кој може да се прилагоди, „AirBooster“ технологија како и „N-Com“ комуникацискиот систем ја прават N70-2 GT една од најдобрите кациги.
P/J Хомологација
Кацигата е одобрена во P/J двојна конфигурација. Штитникот за брадата кој може да се отстрани го помина хомологацискиот тест кој го наложуваат UN/ECE правилата.
Ултра широк визир
Големата ширина на визирот кој е отпорен на гребење овозможува да имате поголем преглед со што се зголемува и вашата безбедност. Тој го штити вашето лице од вода и воздух а во исто време го гарантира струењето на воздухот.
Pinlock
Благодарение на системот за прилагодување, внатрешниот визир може да се прилагоди. Целосниот силиконски граничник, ја зголемува воздушната комора сместена помеѓу надворешниот и внатрешниот дел на кацигата. Со ова дополнително се намалува можноста од замаглување.
Штитник од сонце
Овој штитник обезбедува УВ заштита до дури 400 нанометри. Лесно можете да го извадите доколку сакате да го исчистите и е целосно прилагодлив. Активацискиот систем овозможува автоматско повлекување на штитникот како и негово чување во стенд бај позиција.
Штитник за врат
Лесно можете да го извадите и исчистите. Лесно се прилагодува на возачот како и на различните позиции на возење.
Комуникациски систем
Кацигата е опремена со N-Com комуникациски систем како и со иновативен ESS (Emergency Stop Signal). N-Com компитабилност
B901L R series - B601 R series - ESS - MCS III R series
Можни конфигурации
Кацигата може да се користи со шест различни конфигурации. Карактеристични за N70-2 GT се визирот како и штитникот за врат.
Вентилациски систем
Ексклузивната „AirBooster“ технологија овозможува оптимална вентилација. Воздухот се отстранува од горниот дел и се прераспределува онаму каде што е најпотребен со цел да се обезбеди максимален комфор. Системот соддржи: Преден влез за воздух и заден излез.
Microlock2 (патент)
Ова е патентиран систем со микрометрички прилагодувања. Се состои од термопластичен, егрономски лост како и уште еден лост изработен од алуминиум.
Интегриран штитник за брада
Овој штитник кој може да се отстрани за да се исчисти, го карактеризира големата издржливост.