(Време на читање: 1 минута)


„Марија Херера ќе стане првата жена која е дел од Суперспорт шампионатот“

Марија Херера ќе стане првиот женски натпреварувач кој ќе биде дел од Светскиот  Суперспорт шампионат откако се приклучи на  MS Racing Yamaha. Таа го имаше своето деби минатата година кога беше дел од серијата Суперспорт 300. Херера минатата година ја заврши на тринаесетата позиција. Нејзината колешка, Ана Караско стана дел од историјата откако успеа да ја освои титулата.

herrera yamaha 2

Во 2019 година, Херера ќе премине во класата од 600cc и ќе стане првата жена натпреварувач во историјата на оваа категорија.Таа исто така ќе биде дел и тимот Анхел Нието, кој ќе се натпреварува во MotoE шампионатот, и ќе вози покрај поранешниот победник од категоријата 125cc, Нико Терол.

На почетокот на неделата, Караско потврди дека има за цел да ја одбрани титулата откако потпиша договор со Provec Racing.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: